сигнализира (св. и несв.)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ако ништо друго, ми сигнализираа дека јас сум главната карика и медиумот за комуникација.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Јас во секој случај веднаш бев свесен дека Екстратерестријалната организација преку тоа UFO ми сигнализира дека контактот е воспоставен.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нешто длабоко скриено во неговата душа му сигнализираше овој пат да не верува во солзите на Рада. Ниту на една нејзина капка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тие афекти се од едно време кога не биле ни замисливи никаков остварен геј-живот и некакво зрело сексуално постоење, а нивниот присушт архаичен карактер изразува ретроградна состојба на чувствување, како што и нивната истрајност во внатрешниот живот на возрасниот геј-маж го сигнализира неговиот понижувачки неуспех да еволуира над неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)